Breaking News

Зголемени цените на производителите на индустриски производи на домашниот пазар


Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во март годинава се пoголеми за процент на месечно ниво и за 0,1 процент на годишно ниво, објави денеска Државниот завод за статистика.


 Во март во споредба со февруари годинава продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 4,9 проценти,  Трајни производи за широка потрошувачка за 0,2 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачи за 1,5  проценти.


Во споредба со март минатата година продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 0,2 проценти, Трајни производи за широка потрошувачка за 4,8 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачи за 6,9 проценти.

лв/нд/Фото: ДЗС .


Извор: МИА