Breaking News

Сончево и топло, до 27 степени


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а во источните делови со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.


Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната од 19 до 27 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.


Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне 25 степени.

Утре ќе има изолирана, а во четврток на повеќе места и нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме.


Од петок и за време на викендот времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, ќе дува северен ветер, а температурите ќе опаднат за неколку степени. мч/аа/фото: МИА архива .

Извор: МИА