Земјотрес со јачина од 5 степени по Рихтер го погоди северен Авганистан


Земјотрес со интензитет од 5 степени според Рихтеровата скала ја погоди денеска северната авганистанска провинција Балх.


Според Геолошкиот институт на САД (USGS), земјотресот се случил на длабочина од 10 километри.


Хаџи Заид, портпарол на гувернерот на Балх, изјави дека засега нема извештаи за жртви или причинета материјална штета. рп/Фото: МИА архива .

Извор: МИА