Breaking News

Пролетна модна ревија на домашни миленици


На 15 јуни во „Јавна соба“ ќе се одржи првата модна ревија на домашни миленици во организација на Асоцијацијата на стилисти за домашни миленици на Македонија.


Организаторите најавуваат околу 15-тина сопственици на салони за домашни миленици кои ќе се претстават со својот миленик – модел и ќе објаснат на кој начин го третирале крзното кај миленикот, а пред да почне дефилето, ќе се разговара и за стандардот на занимањето – стилист за домашни миленици, кој е обврзувачки за сите грумери.


 Настанот ќе биде збогатен и со штандови на кои ќе може да се претстават пет шопови, увозници на козметика за миленици, одгледувачници. . . .

Поканети се да учествуваат и креатори на накит и облека за миленици. Настанот нема натпреварувачки карактер.


Целта е да се промовира грумингот во земјава и да се подигне свеста за правилното третирање на крзното на домашните миленици. бак/вг/Фото: Асоцијација на стилисти за домашни миленици .

Извор: МИА