Здружението на новинари на Македонија ќе ги додели годишните награди


  Годишните награди на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ќе бидат доделени вечер во 19:30 часот на настан во Клубот на новинарите на Македонија.


ЗНМ секоја година доделува две награди за новинари, наградата „Крсте Петков Мисирков“ за животно дело и наградата „Јашар Еребара“ за истражувачко новинарство.


Од 2020 година ЗНМ доделува уште една награда за најдобро новинарско известување за теми од локално и регионално значење.  Конкурсот за наградите на ЗНМ беше отворен од 10 до 29 јануари.

На добитникот на награда за животно дело ќе му се додели плакета, додека за најдобрата истражувачка сторија и за наградата за најдобро новинарско известување на теми од локално и регионално значење за 2023 година, наградените ќе добијат плакета, како и парични награди во износ од 1.


000 евра по награда во денарска противредност. лв/фото: МИА архива  .

Извор: МИА