За викендот дебрани и гостите го посетија Дебарско Езеро 


 Дебрани, печалбари, кои се пристигнати во родниот град, но и потомци на поранешни жители на селските населени места, кои сега живеат главно во Скопје, денеска се разладуваат во чистите води на Дебарското Езеро.


– Водата е прекрасна, многу потопла од природните езера па и децата многу полесно влегуваат. Ова е најубавото место во нашиот град.


Деновите што следуваат,  па се до средината на август, кога тука се нашинците од САД и западноевропските земји овде ќе биде преполно, изјави Елена, која беше заедно семејството.

Во служба на мештаните и туристите се неколку кафулиња и хотелски капацитети, каде може да одморат.


За безбедноста на капачите се грижат двајца спасувачи на вода, кои преку Црвен крст – Дебар, на доброволна основа го прават тоа, откако не беа обезбедени средства за таа цел.

Изминатите пет години имаше повеќе спасувачи на вода. Во првите четири,  средства обезбеди татковинското друштво „Дибра“ на дебрани во САД, а лани локалната власт.


Долж брегот на езерото покрај капачите бројни се и рекреативните риболовци, кои ги има и од Тетово, Скопје и од Косово, дел од нив имаат и свои викендички. вт/мд/Фото: МИА     .

Извор: МИА