Вучиќ: Потпишани 18 договори со Кина од суштинско значење


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во Пекинг изјави дека во Кина се потпишани рекорден број договори за соработка со таа земја, дури 18, а тоа се документи што предвидуваат стратешка соработка.


-Верувам дека она што го постигнавме во Кина има историско значење и карактер, што ќе се покаже во годините и децениите што следат, нагласи Вучиќ.


Тој додаде дека потпишаните договори имаат суштински карактер. мс/фото: МИА архива .

Извор: МИА