Врховниот суд на Индија одби да ги легализира истополовите бракови, прогласувајќи се за ненадлежен


Врховниот суд на Индија денеска одби да ги легализира истополовите бракови бидејќи, како што рече главниот судија, донесувањето на таков закон е надлежност на Парламентот.


Советот од пет судии, предводен од главниот судија на Индија, Д. И. Чандрачудом слушна аргументи за ова прашање помеѓу април и мај оваа година, и ја донесе својата пресуда денеска.


Чандрачудом, читајќи ја пресудата, рече дека постои одреден степен на согласување и несогласување околу тоа „колку далеку треба да одиме“ кога станува збор за истополовите бракови, но дека мнозинството судии се согласиле дека Советот не може да обезбеди право на брак за членови на ЛГБТ заедница, бидејќи тоа е во доменот на законодавниот дом.

Тој, сепак, ја повика владата да ги поддржи правата на ЛГБТ заедницата и да ја запре дискриминацијата врз нив. Петиција за легализација на геј браковите поднесоа десетици активисти.


Некои активисти собрани пред судот ја поздравија одлуката како чекор напред, додека други изјавија дека тоа „не е доволно“, пренесува Си-Ен-Ен.

Владата на премиерот Нарендра Моди се спротивстави на нивните барања, нарекувајќи ги „урбани елитистички ставови“ и наведе дека Парламентот е единствената платформа за дебата и усвојување закони на оваа тема.


Владата, исто така, оцени дека таквите бракови не се „споредливи со концептот на индиската семејна единица на маж, жена и деца“. ссм/  .

Извор: МИА