Breaking News

Во руските напади загинаа најмалку 16 лица, а 97 се повредени, тврди украинскиот главен обвинител


Украинскиот јавен обвинител изјави дека во денешниот бран руски напади загинале најмалку 16 лица, а речиси стотина биле повредени.


„Утрово непријателот истрела над 150 проектили и нападни беспилотни летала врз мирните украински градови.


Потврдено е за 16 загинати и 97 ранети, меѓу кои најмалку две деца на возраст од шест и осум години“, објави на социјалните мрежи главниот обвинител Андриј Костин.

Русија истрела рекорден број проектили за еден ден над Украина, изјави портпаролот на украинските ВВС.


„Ова е најмасовниот ракетен напад воопшто“, изјави Јуриј Игнат додавајќи дека овој биланс ги исклучува првите денови од војната започната во февруари минатата година во која беа забележани „постојани и непрекинати“ напади.

рп/Фото: ЕПА .


Извор: МИА