Breaking News

Во рамки на „Безбедно лето 2023“ СВР Скопје реализираше превентивни активности на заштита од пожари


Во рамки на континуираните превентивни активности на Одделението за превенција при Секторот за внатрешни работи Скопје, а како дел од годишната програма за работа, вчера во непосредна близина на наплатна рампа „Петровец“ беше реализирана превентивна активност од областа на заштита од пожари, информираат од Министерството за внатрешни работи.


– Согласно кампањата за превенција од пожари во рамки на оперативниот план „Безбедно лето 2023“, полициските службеници во непосредна комуникација со возачите и патниците посочија на потребата од особена внимателност и одговорност како клучни во заштитата од пожари.


Особено внимание беше обрнато на опасноста од фрлањето запаливи отпадоци вдолж патиштата, како една од главните причини за пожарите на отворено, кои што не ретко може да ги зафатат и шумските површини, се вели во соопштението од МВР.

Дополнително полициските службеници на возачите им споделиле и летоци со едукативна содржина, изработени во соработка со ЈП „Национални шуми“. аа/Фото: МВР .


Извор: МИА