Во напад врз бегалскиот камп Рафа загинале 11 лица, соопшти Министерството за здравство на Газа


– Најмалку 11 Палестинци се убиени во наводен израелски воздушен напад врз бегалски камп во Рафа, најјужниот град во Појасот Газа, според Министерството за здравство контролирано од Хамас.


Уште 50 лица се повредени, соопштија денеска властите. ДПА нагласува дека информацијата не може да се потврди независно. Израелската војска засега не го коментираше инцидентот. јт/Фото: МИА архива .


Извор: МИА