Во Куманово отворен ден на проектот „Нурнете во дијалог – Различност и вклучување преку дијалошки собири“


Сите професори кои ги поминаа едукативните процеси и ги спроведуваа во текот на школската година учествуваа  на „Отворен ден – Дијалошка средба“ во рамките на проектот „Нурнете во дијалог – Различност и вклучување преку дијалошки собири“, посветен за наставниците и ученици вклучени во имплементација на меѓународниот проект од програмата Еразмус плус со методи на дијалог средби на полето на подобрување на образованието во основните и средните училишта во град Куманово, со посебен акцент на учениците Роми.


 На отворениот ден што го организираше Националниот ромски центар од Куманово учениците имаа можност преку дебатирање и размена на информации да ги дополнат своите знаења и да продолжат со своето едуцирање кое води кон вратите на подобрена  социјална вклученост во Европа и позитивна енергија за нивната иднина преку различни нивни посакувања на професии.


. . . ( иако во текот на годината се справуваа со сериозни бариери лажни тревоги за експлозии во училиштата, недостаток на учебници, протести на образовните кадри),. . .

-Проектот под наслов „Нурнете во дијалог – Различност и вклучување преку дијалошки собири“  е вредност во која ретко може да се учествува и да се биде дел, во денешно време на сериозни кризни ситуации насекаде низ светот.


Денес на отворениот ден се сите вклучени професори ученици без разлика на пол, вера и националност.

Испраќаме јавна порака за одговорна ангажираност на сите релевантни фактори на полето на образование за итно прилагодување и приближување на образовните политики со модерните текови на примена во европските земји, изјави Ашмет Елезовски, извршниот директор на Националниот ромски центар.


Одговорност, безбедност, квалитетен кадар, додаде, е неминовен процес за иднина на секоја земја преку комуникација и дијалог.

 -Иднина без видливи ефекти на добра подготвеност на сите активни субјекти во образование води кон развој. Нурнете во дијалог со примена на дијалошките методи на средби, порача Елезовски.


Ова, како што кажа, е меѓународен проект координиран од Универзитетот од Барселона, Шпанија со активно учество на  еминентни други професори од универзитети, основни и средни училишта од Шпанија, Холандија, Словенија, Унгарија и Северна Македонија.

Во активностите во Куманово се вклучените професори и ученици од ОУ „11 Октомври“ и средните училишта „Гоце Делчев“, „Перо Наков“, „Киро Бурназ“, со посебен акцент на учениците Роми.

 Проектот започна во 2022, а ќе се имплементира до 2024 година. Досега беа спроведени средби во Барселона, Шпанија, Атина, Грција по предлози и размена на искуства помеѓу професори, активисти.

Стекнатите знаења од дијалошките средби наставниците и професорите ги применуваа на средби  со вклученост на ученици од средно и основно образование  во град Куманово.

Проектот е подржан од  Европска Унија Еразмус + програмата преку Националната програма на Еразмус Шпанија. вј/дма/Фото: Национален ромски центар .

Извор: МИА