Breaking News

Во изминатото деноноќие произведени 12.143 мегават-часови електрична енергија


АД ЕСМ вчера произведe 12.143 мегават-часови електрична енергија, соопшти Владата.


Произведената струја е намената за домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта и други витални државни субјекти.


Според Владата, во термоелектраните произведени се 8.553 мегават-часови, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 3.590 мегават-часови електрична енергија.

Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба набавени се 3.360 мегават-часови електрична енергија. дма/са/


Фото: Влада
Скопје, 12 април 2023 (МИА)