Breaking News

Во Делчево одржан завршен настан од проектот „Не за семејното насилство“


Семејното насилство за жал е во подем и само преку појасен увид во состојбите и конкретизирање на прашањата од важност ќе може да се креираат јавни политики во насока на подобрување на состојбата.


Ова е главниот заклучок од денешниот  завршен настан од проектот „Не за семејното насилство“ кој здружението Организација „Жена“ во изминатите 8 месеци го реализираше со финансиска поддршка на Европската Унија преку механизмот за граѓанска отпорност, како дел од програмата за техничка помош и поддршка на Граѓанските организации во Северна Македонија.


 -Во текот на реализација на овој проект изработивме една експертиза за состојбата на семејно насилство во период 2019-2023 година во кое се вклучија 9 општини и институции од овие 9 општини и институции како што се: Јавно обвинителство, Основни судови, Центри за социјални работи, Министерство за внатрешни работи, ги вклучивме и перцепциите на овие 105 испитаника од овие 9 општини, а исто така направивме и интервјуа со претставници на релевантни чинители кои работат на оваа проблематика, рече координаторот на проектот Анита Цоневска.

Со цел анимирање на јавноста, организација на најфрекветните локации во Делчево има поставено билборди со едукативна содржина.


-На билбордите на јасно видливи места може да се види каде, кога и кој може да пријави со телефоните за пријавување семејно насилство.

Ги поставивме библордите на најфреквентни места и сметаме дека на тој начин ќе ги поттикнеме граѓаните да го пријавуваат семејното насилство, а изработивме исто така и брошура која ја поделивме на граѓаните во врска со формите на семејното насилство и исто така на крајот пишува кој како и кога може да пријави семејно насислтво.


На овој начин сакавме да го подигнеме степенот на сензибилизација на граѓаните во врска со оваа проблематика на начин на координирање на локалните чинители кои работат со жртвите на семејно насилство и сторителите на семејно насилство, додаде Цоневска.

Организација „Жена“ од Делчево и за 2024 година најави продолжување на активностите во насока на запознавање на јавноста со начините на пријавување семејно насилство. вс/мд/Фото: МИА .


Извор: МИА