Breaking News

Вкупно 502 бубрежни трансплантации спроведени на Клиниката за урологија


Вкупно 502 бубрежни трансплантации се спроведени досега на Клиниката за урологија, информираше денеска директорот Сашо Дохчев на прес-конференција.


– Вкупниот број на трансплантации досега е 502, од кои 85 се кадаверични.


Значајно е да се напоменат и трите години за време на пандемијата од Ковид-19, период кога со голем ризик за пациентите, се изведуваа трансплантациите, појасни Дохчев.

 Министерот за здравство Фатмир Меџити информираше дека во декември, успешно била изведена јубилејната трансплантација на бубрег кај 25-годишна пациентка, која била во тешка состојба.


– Особено ми е драго што по оперативниот зафат и постоперативниот тек, денеска таа е во добра здравствена состојба и полека се враќа на секојдневните животни активности, додаде министерот.

Меџити најави и реновирање на Урологија.


На прашањето колку пациенти чекаат на листа, професор доктор Гоце Спасовски рече дека пет пара се спремни за жива трансплантација, околу 120 луѓе за кадаверична. бд/нд/Фото: МИА .

Извор: МИА