Breaking News

В сабота инклузивна штафетна трка „Заедно до целта“


 Здружението на граѓани „Куќа на среќата“ и MAMA’S, во соработка со Сојузот на спортови на Град Скопје и хуманитарната организација „Свети Спас“, за првпат организира хуманитарна инклузивна штафетна трка – „Заедно до целта“, в сабота, на Школка во Градскиот парк, од 11 до 14 часот.


Трката е од хуманитарен карактер и собраните парични средства ќе бидат наменети за подигнување на инклузивната свест и помош и поддршка на семејствата кои имаат лице со попреченост и иницијативата сончогледи кон сонцето за видлива и невидлива попреченост.


Целта на трката, како што велат организаторите, е низ дружење, смеа, трчање и игра да се испрати порака дека заедно можеме побрзо кон инклузивност, разбирање, прифаќање и сакање на лицата со попреченост.

 Сите тимови кои ќе учестуваат во трката трчаат штафетно, мора да бидат инклузивни и составени од шест лица (две лица типични, две лица атипични (видлива, невидлива попреченост) и две лица асистенти кои ќе трчаат заедно со атипичните лица).


  дма/цр/ Фото: Здружението на граѓани „Куќа на среќата“    .

Извор: МИА