Breaking News

Утврдена е локацијата на остатоците од товарниот брод што потона во Мраморното Море


Тимовите за пребарување денеска ја утврдија локацијата на остатоците од товарниот брод „Батухан А“ што потона во Мраморното Море додека продолжува опсежната потрага по шесте исчезнати членови на екипажот.


Бродот што превезуваше мермерен прав од островот Мармара во Баликесир до Бурса во северозападна Турција на 15 февруари потона кај островот Имрали, јужно од Истанбул, откако беше зафатен од бура.


Додека на 51 метар длабочина беше утврдено местото каде што потона товарниот брод долг 69 метри, се уште нема траги од екипажот, објавија локалните медиуми.

Според извештаите, тимовите за пребарување кои работат во близина на брегот идентификувале предмети, како што се елеци за спасување и облека за кои се верува дека припаѓаат на екипажот.


рп/Фото: МИА архива .

Извор: МИА