Breaking News

Утринава свежо, преку ден сончево со мала локална облачност


Синоптичарите за денеска најавуваат свежо утро, а преку денот сончево со мала локална облачност.


Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец кој во североисточните делови повремено ќе засилува.


Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени. УВ индексот ќе биде 7. Во Скопје сончево со слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 32 степена.


Од УХМР известуваат дека во наредните денови ќе продолжи периодот на стабилно и топло време со свежи утра и со појава на мала до умерена облачност во текот на денот. ир/аа/ Фото: МИА архива .

Извор: МИА