Според податоците на Државниот завод за статистика, цените на угостителските услуги во април во споредба со март годинава се зголемени за 2. 6 %.
Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 3. 0 %, Алкохолни пијалаци за 1. 6 %, Безалкохолни пијалаци за 2. 8 % и Ноќевања за 1. 5 %.
Во одонс на април лани, пак, цените на угостителските услуги се повисоки за 12. 3 %.
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – април 2023 година, во однос на истиотпериод од минатата година, е зголемен за 13.
5 %, додека во однос на декември 2022 година, е поголем за 1. 6 %. са/ .
Извор: МИА