Breaking News

Угостителските услуги поскапи за 13,4 отсто во однос на лани


Цените на угостителските услуги во мај годинава, во споредба со април, се зголемени за 1. 2 %. Во однос на мај лани, пак, растот на цените е 13,4 %.


Кумулативно, во периодот јануари − мај 2023, во споредба со истиот период од минатата година, цените на угостителските услуги се покаќени за 13. 5 %, соопшти Државниот завод за статистика.


Споредено по групи на услуги, во мај во однос на април зголемување е забележано во групите Храна за 0. 7 %, Алкохолни пијалаци за 0. 1 %, Безалкохолни пијалаци за 0. 9 % и Ноќевања за 3. 7 %. са/  .

Извор: МИА