Турк: Неприфатлив е напад врз болница


– Смртоносниот напад врз болница во Појасот Газа е целосно неприфатлив, изјави директорот на ОН за човекови права, Волкер Турк. Тој додаде дека сторителите мора да одговараат.


– Стотици луѓе се убиени во масовниот напад врз болницата Ал Ахли во градот Газа, вклучувајќи пациенти, здравствени работници и семејства кои бараа засолниште во и околу болницата.


Повторно најранливите. Ова е целосно неприфатливо, истакна Турк. ми/фото: ЕПА .

Извор: МИА