Breaking News

Тринаесет години од првиот број на македонскиот весникот „Илинден“


– Македонскиот весникот „Илинден“, што е гласило на истоименото друштво во Албанија, денеска одбележува 13 години од објавувањето на првиот број.


– На први март 2011 година како двоброј (март/април) беше испечатен првиот број на весникот, како гласило на македонското друштво „Илинден“- Тирана.


Во овој изминат период, весникот побуди голем интерес кај македонската читателска публика во Република Албанија, во татковината Македонија, како и меѓу македонската дијаспора во светот, изјави за МИА Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото и главен и одговорен уредник на весникот.

Весникот, оценува тој, прераснал во медиум кој со сериозноста и со пристапот во објавувањето на темите, е интересен и корисен за македонското национално малцинство во Албанија и од име на редакцијата искажува посебна благодарност до читателската публика и соработниците.


-На 19 декември минатата година го отпечативме 60. јубилејно издание, што за нас беше навистина голема радост и се надевам дека ќе доживееме уште многу јубилејни изданија.

Со написите дадовме голем придонес во евидентирањето и надминувањето на голем број прашања од интерес на Македонците во Република Албанија.


Континуирано ќе работиме на заштитата и афирмацијата на македонскиот етнички, јазичен и културен идентитет и националните традиции на Македонците во Република Албанија, додава тој.

Од мај 2017 година весникот е и со електронско издание www. vesnik-ilinden. coм.


На тој начин весникот стана достапен за целокупната јавност за сите Македонци во Република Албанија, регионот и цел свет.

Во септември истата година е стандардизиран според меѓународните норми за печатени и електронски периодични списанија со ISSN 2522-6282 (online) и ISSN 2522-4514 (print) и дел од двата најголеми читачи на вести и клиентска датотека во Македонија: grid.

mk и daily. mkОд август 2022 година македонски весник „Илинден“ е член на платформата Алијанса за етички медиуми (АЕМ) каде членуваат печатени и аудиовизуелни медиуми во Република Албанија. вт/мд/ .

Извор: МИА