Breaking News

Тринаесет дански туристи повредени во автобуска несреќа во Тајланд, шоферот починал


Тринаесет дански туристи се повредени во автобуска несреќа во Тајланд. Шоферот загинал, соопштија властите. Несреќата се случила во северната планинска тајландска провинција Ме Хонг Сон.


Педесетгодишниот шофер, кој изгубил контрола над автобусот, им подлегнал на повредите во болница. Во болницата биле прегледани 13 дански туристи.


Четворица од нив се со тешки повреди, меѓу кои и скршеници на коските, изјави претставник на локалните власти. Туристите оделе на забава кога автобусот паднал во клисурата. рп/Фото: ЕПА .

Извор: МИА