Breaking News

Тајани: Италија го поддржува Марк Руте за генерален секретар на НАТО


Рим го поддржува холандскиот премиер Марк Руте како следен генерален секретар на НАТО кој ќе го замени Јенс Столтенберг, чиј мандат наскоро ќе истече, изјави денеска италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани.


„Вчера разговаравме за следниот генерален секретар и ја потврдивме нашата позиција во корист на холандскиот премиер Марк Руте“, рече Тајани на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО во Брисел.


„Има големо мнозинство во негова корист, но треба да се почека реакцијата на Турција, Романија и Унгарија кои ја поддржуваат кандидатурата на романскиот претседател Клаус Јоханис.

Се надевам дека ќе постигнеме договор“, додаде тој. паг/Фото: МИА архива   .


Извор: МИА