Tag Archives: СВЕТ

Израелската војска урна куќа на палестински напаѓач на Западниот брег

Израелските безбедносни сили синоќа на окупираниот Западен Брег ја урнаа куќата на палестинскиот напаѓач кој уби Израелец во март во Тел Авив. Во вооружениот напад во март 22-годишниот Мутаз Салах ал Каваџа рани уште двајца Израелци, јавуваат израелските медиуми. Напаѓачот потоа бил убиен од израелски војници и цивили. Израелските војници …

Повеќе »

Керол: Ќе барам од Трамп поголема компензација

Колумнистката Е. Џин Керол најави дека ќе го зголеми своето барање за отштета во првата од двете тужби за клевета што ги покрена против поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Таа рече дека ќе бара уште најмалку 10 милиони долари дополнителна отштета за коментарите што поранешниот американски претседател ги даде на …

Повеќе »

Ерменија: Азербејџан изврши вооружен напад во пограничната област

Вооружените сили на Азербејџан синоќа ги нападнале позициите на ерменската војска во пограничната зона, во правец на селото Кутакан во Гегаркунската област, соопшти Министерството за одбрана на Ерменија. „Во понеделник, на 22 мај, во 23:20 часот по московско време, единиците на вооружените сили на Азербејџан отворија оган врз ерменските позиции …

Повеќе »

Гардијан: СЗО одби да го покани Тајван на годишното собрание како набљудувач

Светската здравствена организација на вчерашното собранието во Женева донесе одлука да не упати покана до Тајван да присуствува на годишното собрание на СЗО од 21 до 30 мај како набљудувач. Кина и Пакистан се спротивставија на поканата до Тајван да присуствува на годишното собрание на СЗО како набљудувач, додека САД, …

Повеќе »

Истражување: Половина од животинските видови во светот во опаѓање

Речиси половина од животинските видови во светот денес минуваат низ фаза на намалување на популацијата, покажува ново истражување на Квинс Универзитетот во Белфаст, Северна Ирска. Трудот ги испитува промените во густината на населеноста на повеќе од 70. 000 видови животни ширум целиот свет, и тоа го прави најсеопфатно проучување од …

Повеќе »

Кетрин Колона: Асад мора да биде изведен пред лицето на правдата

Сирискиот претседател Башар ал Асад мора да биде изведен пред суд за „стотици илјади смртни случаи“ и „употребата на хемиско оружје“ за време на граѓанската војна во земјата, оцени француската министерка за надворешни работи Катрин Колона. Таа истакна дека „борбата против злосторствата, против неказнивоста е дел од француската дипломатија“. Минатата …

Повеќе »

Силен ветер урна покрив на училиште на Тајланд, шестмина загинати

Шест лица, меѓу кои четири деца, загинаа вчера кога во услови на бура, ветер го урна металниот покрив на основно училиште во северниот дел на Тајланд. Официјални лица објавија дека 18 лица се хоспитализирани. Како што наведоа, загинаа еден родител, чистачка во училиште и четири деца. Учениците побарале засолниште од …

Повеќе »

Во Бразил воведена шестмесечна вонредна состојба – птичји грип беснее низ земјата

Бразилскиот министер за земјоделство Карлос Фаваро вчера прогласи вонредна состојба од 180 дена како одговор на појавата на многу заразен вирус на птичји грип меѓу дивите птици. Британските медиуми пренесуваат дека Глобалните упатства на Организацијата за здравје на животните потсетуваат дека инфекциите од подтипот на птичји грип Х5Н1, што е …

Повеќе »

Гладков: Антитерористичката операција во руската Белгородска област и натаму е во тек

Гувернерот на руската Белгородска област, Вјачеслав Гладков, денеска изјави дека се уште е во тек „антитерористичка операција“ и дека Министерството за одбрана и безбедносните служби ја „чистат“ територијата на границата со Украина. -Во врска со ситуацијата во областа Граиворон: се уште трае чистењето на териториите што го спроведува Министерството за …

Повеќе »

Шолц: Украина нема да стане членка на НАТО  во скоро време

Украина најверојатно нема да може да стане членка на НАТО во догледна иднина бидејќи не исполнува голем број услови за прием, изјави синоќа германскиот канцелар Олаф Шолц. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, претходно овој месец изјави дека сите членки на Алијансата се согласиле да го пречекаат Киев, но само …

Повеќе »