Breaking News

Tag Archives: СВЕТ

Зеленски: Противвоздушната одбрана спаси стотици животи

– Украинскиот претседател Володомир Зеленски изјави дека противвоздушната одбрана спасила стотици животи. – Американските „Патриоти“ обезбедија 100 процентно уништување на руските ракети, додаде тој. – Подготвуваме нови заеднички чекори со нашите партнери за зајакнување на нашата одбрана. Нема алтернатива за целосното ослободување на нашата земја, истакна Зеленски. јт/Фото: Фејсбук профил …

Повеќе »

Вашингтон се закани со санкции против Уганда ако земјата усвои закон против хомосексуалците 

САД се длабоко загрижени од изгласувањето на законот за антихомосексуалност во Уганда, со што се поткопуваат човековите права, прогресот и благосостојбата на сите граѓани на Уганда, соопштија синоќа од американскиот Стејт департмент.  Реакција имаше и од Белата куќа со предупредување за санкции против оваа африканска земја ако законот биде усвоен. …

Повеќе »

Руско Министерство за одбрана: Киев стои зад терористичкиот напад со беспилотни летала врз Москва

Руското Министерство за одбрана тврди дека Киев стои зад „терористичкиот напад“ со беспилотни летала врз главниот град на Русија. Министерството соопшти дека во нападот учествувале осум беспилотни летала и дека сите биле уништени со противвоздушни ракети. Исто така наведува дека неколку дронови паднале врз згради, предизвикувајќи „мали штети“. Градоначалникот на …

Повеќе »

Уапсени пет полицајци во Грција под сомнение дека помагале нелегален влез на мигранти во земјата

– Грчката полиција од северниот дел на земјата уапсила петмина полицајци под сомнение дека соработувале со мрежи на криумчари од Турција и во најмалку 12 случаи олесниле влез во Грција на непознат број нелегални мигранти, јави дописничката на МИА од Атина.  Според медиумите во Грција, станува збор за гранични полицајци …

Повеќе »

Нова мисија на кинеската вселенска станица, меѓу астронаутите за првпат и цивил

Кина денеска испрати тројца нови астронаути во својата вселенска станица Тиангонг, меѓу кои за првпат има и еден цивил. Како што јавуваат странските агенции, новата мисија е драгоцено искуство за Кина, која повторно потврди дека сака да испрати човек на Месечината до 2030 година. Мисијата Шенџу-16 беше успешно лансирана во …

Повеќе »

Северна Кореја најави лансирање на воен шпионски сателит во јуни

– Северна Кореја денеска потврди дека ќе лансира воен шпионски сателит во јуни, соочена со „опасни воени активности на САД, јави државната севернокорејска агенција КЦНА. – Во јуни ќе биде лансиран воениот извидувачки сателит број 1, рекол потпретседателот на воениот комитет на владејачката партија, Ри Пјонг Чол. Тој додаде дека …

Повеќе »

Хрватска го слави Денот на државноста

Хрватска денеска го слави Денот на државноста во знак на сеќавање на конституирањето на првиот демократски избран повеќепартиски парламент на 30 мај 1990 година, кој по децении комунистичко владеење ги создаде темелите на модерниот парламент и ја потврди неговата улога во зачувувањето на хрватската државност. На 30 мај Собранието беше …

Повеќе »

Тројца загинати во пожар во магацин за хартија во близина на Москва

– Три лица загинаа во пожар што избувна утрово во складиште за хартија во близина на Москва, јави руската државна новинска агенција РИА, повикувајќи се на службите за итни случаи. – Се запали магацин со хартија и картон во Одинцово кај Москва … Тројца работници загинаа, пожарот е изгаснат, изјави …

Повеќе »

Најмалку една жртва во руски напад врз Киев

Украинските сили за противвоздушна одбрана уништија повеќе од 20 беспилотни летала во воздушните напади кои Русија ги изврши врз Киев во раните утрински часови, соопштија украинските воени власти. Денеска во раните утрински часови Русија започна нов бран напади врз Киев, при што најмалку едно лице загина, а четворица се повредени. …

Повеќе »

Суданските фракции се согласија да го продолжат примирјето

Завојуваните судански фракции во понеделникот се согласија да го продолжат примирјето за пет дена, откако обновените жестоки борби и воздушните напади во делови од главниот град ги зголемија сомнежите за ефективноста на примирјето. Саудиска Арабија и САД, кои посредуваа во договорот за еднонеделен прекин на огнот и го следат од …

Повеќе »