Breaking News

Tag Archives: СВЕТ

„Глаксо Смит Клајн“ поднесе тужба против Фајзер и БиоНТек

Британската фармацевтска компанија „Глаксо Смит Клајн“ („GlaxoSmithKline“) вчера поднесе тужба до федералниот суд во Делавер против американскиот Фајзер (Pfizer) и германскиот БиоНТек (BioNTech), тврдејќи дека тие ги прекршиле нејзините патенти за технологијата на гласникот RNA (mRNA) во вакцините против Ковид-19. -Вакцините на Фајзер и БиоНТек ги прекршуваат иновациите на „Глаксо …

Повеќе »

Украинскиот министер за земјоделство понуди оставка поради обвинувања за корупција

– Украинскиот министер за земјоделство Микола Солски понуди оставка бидејќи се соочува со обвинувања за вмешаност во нелегално стекнување на државно земјиште во вредност од седум милиони долари. Солски (44) беше во центарот на напорите на Украина да ја одржи својата индустрија за жито, бидејќи руската инвазија ги блокираше извозните …

Повеќе »

Ким Џонг-ун надгледуваше пробно истрелување ракети и изрази задоволство од прецизноста и досегот

 Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун вчера го надгледуваше пробното истрелувањето ракети од 240 милиметри од повеќецевни лансири, произведени од новоформираната фабрика на воената индустрија, објави денеска агенцијата КЦНА. Севернокорејската агенција не даде повеќе детали за фабриката. Се верува дека Северна Кореја го зголемува производството на артилерија, а САД и Јужна …

Повеќе »

Пентагон соопшти дека почнала изградбата на привремено пристаниште во Појасот Газа

– Американската војска почна да помага во изградбата на привремено пристаниште во близина на брегот на Појасот Газа за да испорача повеќе помош. Вклучени се американски бродови, изјави портпаролот на Пентагон, Пет Рајдер додавајќи дека „мислам дека индикации сега се реално, почетокот на мај“ за пристаништето да биде подготвено. Во …

Повеќе »

Зеленски повика на инвестиции во украинската одбранбена индустрија

– Украинскиот претседател Володимир Зеленски сака да го прошири домашното одбранбено производство со помош од Западот, рече тој синоќа во своето секојдневно видео обраќање, пренесе ДПА. Зеленски рече дека бара од меѓународните партнери кои немаат сопствени производствени капацитети да инвестираат во украинскиот одбранбен сектор, заеднички да произведуваат оружје и да …

Повеќе »

Додик подготвен да се поклони пред бошњачките жртви во Сребреница, но не признава геноцид

Српскиот лидер во БиХ, Милорад Додик, синоќа изрази подготвеност да го посети Меморијалниот центар Поточари во Сребреница и да положи цвеќе на заедничкиот споменик подигнат во спомен на масакрот врз Бошњаците во војната, но повторно негираше дека таму се случил геноцид. Во интервју за новинската агенција на Република Српска, претседателот …

Повеќе »

Ослободен грчкиот пратеник кој вчера физички нападна негов колега во Парламентот

– Независниот пратеник Константинос Флорос, кој вчера физички го нападна пратеникот од Грчко решение Василис Граменос во грчкиот Парламент, по што и беше уапсен, денеска беше ослободен и изјави дека неговото однесување било погрешно и „не е однесување соодветно за грчки пратеник“, јави дописничката на МИА од Атина. Единствениот услов …

Повеќе »

Врховниот суд на САД ќе ги сослуша аргументите за случајот за претседателски имунитет на Трамп

– Историскиот случај, кој може да ја реши правната и политичката судбина на Доналд Трамп, поранешниот претседател, како и да ја дефинира моќта на шефовите на Белата куќа, е пред Врховниот суд на САД каде се девет судии. Како што пренесува Би-Би-Си, денеска ќе почне сослушувањето за тоа дали поранешните …

Повеќе »

ОН: Луѓето во Газа се соочуваат со зголемен ризик од епидемии

Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА) објави дека Палестинците во Газа се соочуваат со зголемен ризик од разни епидемии. УНРВА уште еднаш, преку социјалните мрежи, предупреди на страшната хуманитарна катастрофа предизвикана од израелските напади во Газа. Во соопштението се наведува дека жителите на …

Повеќе »

Во контејнер со ѓубриво на атинското пристаниште Пиреас откриена голема количина листови кокаин

– Царинските инспектори на Независната управа за јавни приходи на Грција (ААДЕ) на пристаништето Пиреас откриле голема количина листови кокаин во контејнер со вештачко ѓубриво, што стигнал од Еквадор со крајна дестинација Хрватска, јави дописничката на МИА од Атина.  Како што соопштија од ААДЕ пратката била пријавена како ѓубриво, при …

Повеќе »