Breaking News

Tag Archives: СВЕТ

Нетанјаху им соопшти на американските републикански сенатори дека војната во Газа ќе продолжи

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им порача на американските републикански сенатори дека неговата земја ќе продолжи со напорите да ја победи палестинската терористичка група Хамас во Појасот Газа. Нетанјаху синоќа разговараше со републиканците преку видео врска речиси една недела откако лидерот на мнозинството во Сенатот Чак Шумер одржа говор во кој …

Повеќе »

Борел: Колективно да се спротивставиме на расната дискриминација

На многу места, расната дискриминација продолжува да ги нагризува темелите на мирот и безбедноста, поттикнувајќи конфликти, нееднаквост и неправда, наведува високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел во пораката по повод 21 март – Меѓународниот ден за елиминација на расната дискриминација.  – Секој член на општеството …

Повеќе »

Фидан ќе присуствува на првиот Меѓународен самит за нуклеарна енергија во Брисел

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан утре во Брисел ќе присуствува на првиот Меѓународен самит за нуклеарна енергија, јави Анадолија повикувајќи се на дипломатски извори. . Извор: МИА

Повеќе »

Тројца Палестинци загинаа во израелски воздушен напад на Западниот Брег

– Најмалку тројца палестински екстремисти се убиени денеска во израелски воздушен напад врз автомобилот што го возеле во северниот дел на Западниот Брег, соопштија израелски и палестински власти. Палестинската Црвена полумесечина потврди дека тројца патници во автомобил загинале денеска во напад кај Џенин, а уште едно лице е рането. Исламски …

Повеќе »

Њузвик: Трамп победи во Флорида, но претрпе удар бидејќи многу републиканци одбија да гласаат за него

– Доналд Трамп победи на партиските прелиминарни избори во Флорида, но во таа американска држава, која ја освои со мало мнозинство на претседателските избори во 2020 година, претрпе и удар затоа што илјадници републиканци одби да гласа за него, пишува Њузвик. Иако поранешниот претседател победи на републиканските прелиминарни избори на …

Повеќе »

Бројот на болни од денга во Аргентина е на пат да собори рекорди

– Големата епидемија на денга во Аргентина, болест што ја пренесуваат комарците и потенцијално фатална, е на пат да ги собори претходните рекорди, одразувајќи ја загриженоста во Јужна Америка, каде што пожешкото и повлажното време доведе до пораст на случаите. Аргентина досега има регистрирано над 120. 000 случаи во сезоната …

Повеќе »

Фидан: Визијата на Турција за членство во ЕУ не е променета

– Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан денеска изјави дека визијата на Турција за членство во ЕУ не е променета и оти земјата „ја гледа својата иднина во Европа“. Говорејќи на заедничката прес-конференција со неговиот шпански колега Хозе Мануел Албарез во Анкара, Фидан ја потврди решеноста на Турција да …

Повеќе »

Русија го обвини Меѓународниот олимписки комитет за расизам и неонацизам

– Русија денеска го обвини Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) за „расизам и неонацизам“, откако Комитетот вчера објави нови ограничувања за руските спортисти кои ќе се натпреваруваат на Олимпијадата во Париз оваа година. МОК вчера ја обвини Русија дека го политизира спортот со планираните Игри на пријателство во Москва, кои се …

Повеќе »

ОН: Русија ја зацврстува контролата во окупирана Украина, создавајќи „клима на страв“

Русија незаконски ја зајакнува својата контрола врз окупираната украинска територија со создавање „клима на страв“ со практики како што се произволно приведување, убиства и тортура, изјави шефот на мисијата за известување на ОН за Украина. Говорејќи пред објавувањето на деталниот извештај на Мониторинг мисијата на Обединетите нации за човекови права …

Повеќе »

Тајван предупредува дека Кина гради огромни воени бази на три острови во близина на неговиот брег

Министерот за надворешни работи на Тајван, Џозеф Ву денеска соопшти дека Кина гради огромни воени бази на три острови кои се наоѓаат многу блиску до тајванските територијални води. И Кина и Тајван имаат право на голем дел од Јужното Кинеско Море, но Тајван контролира само едно островче на спорните острови …

Повеќе »