Breaking News

Тројца Палестинци загинаа во израелски воздушен напад на Западниот Брег


– Најмалку тројца палестински екстремисти се убиени денеска во израелски воздушен напад врз автомобилот што го возеле во северниот дел на Западниот Брег, соопштија израелски и палестински власти.


Палестинската Црвена полумесечина потврди дека тројца патници во автомобил загинале денеска во напад кај Џенин, а уште едно лице е рането.


Исламски џихад соопшти дека тројцата убиени се членови на таа организација. Израелската војска тврди дека сите патници на погодениот автомобил биле барани екстремисти.

Во изминатите неколку години, Џенин беше центар на децениското израелско-палестинско насилство.


Насилството се интензивираше на Западниот Брег откако избувна војната меѓу Израел и Хамас на 7 октомври минатата година, кога палестински екстремисти од Газа ја пробија граничната ограда и извршија терористички напади во јужен Израел.

јт/Фото: МИА архива .


Извор: МИА