Breaking News

Tag Archives: СВЕТ

Порторико прогласи епидемија од денга

Министерот за здравство на Порторико прогласи епидемија на денга по порастот на бројот на случаите со заразната болест во американската карипска територија од 3,2 милиони луѓе. Најмалку 549 случаи со денга се регистрирани годинава, а вкупно 1. 293 биле регистрирани во цела 2023 година. Најмногу нови случаи се регистрирани во …

Повеќе »

Јерликаја: Во Турција уапсени 147 осомничени членови на Исламска држава

Турските власти уапсија 147 осомничени членови на џихадистичката група Исламска држава, изјави денеска турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја. Апсењата се извршени во 30 провинции, од вкупно 81 коллку што има во Турција, соопшти министерот на платформата Х. „Од 1 јуни минатата година досега во земјата се уапсени 2. …

Повеќе »

Рејндерс, Берсет и Сар кандидати за нов генерален секретар на Советот на Европа 

Еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс, донеодамнешниот швајцарски министер за внатрешни работи Ален Берсет и поранешниот естонски министер за култура Индрек Сар се тројцата кандидати за нов генерален секретар на Советот на Европа, соопшти денеска Комитетот на министри на оваа паневропска организација.  Новиот прв човек на Советот на Европа треба да …

Повеќе »

Во Газа продолжија борбите и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на ОН

Борбите меѓу Израел и Хамас во Газа продолжија и синоќа и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која претходно се побара итен прекин на огнот. Би-Би-Си пренесува очевидци од Газа кои изјавуваат дека израелски воени авиони синоќа го бомбардирале јужниот град Рафа, додека жестоки борби се водат …

Повеќе »

Најмалку 20 работници паднале во вода по уривањето на мостот во Балтимор, на бродот нема повредени

– Се смета дека најмалку 20 работници паднале во вода по уривањето на мостот во Балтимор, изјави за Би-Би-Си Кевин Картрајт од противпожарната служба на Балтимор. Тој претходно рече дека спасувачи трагаат по најмалку седум лица во реката Патапско. Картрајт нагласи дека условите за спасување се несигурни бидејќи делови од …

Повеќе »

Руски истражители во Таџикистан ги испитувале роднините на осомничените напаѓачи во Москва

– Руски истражители биле во Таџикистан за да ги испитаат семејствата на четворицата мажи кои стојат зад терористичкиот напад на трговскиот центар во Москва, јавија светските агенции. Тројца таџикистански безбедносни извори изјавиле дека руските истражители ги испитувале семејствата на осомничените за нападот во Крокус Сити Хол во Москва, во кој …

Повеќе »

ОСХР: Убиени девет проирански борци во напади во источна Сирија

Најмалку девет проирански борци се убиени во воздушните напади во источна Сирија изведени во текот на ноќта, соопшти Сирискиот Центар за мониторинг на човековите права –ОСХР (OSHR). Цел на нападите била вила која служела како центар за комуникација во сирискиот град Деир Езор, пшри што биле ранети уште над 20 …

Повеќе »

Зеленски: Путин сите ги смета за терористи освен себеси

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно ги отфрли обвинувањата на рускиот претседател Владимир Путин дека Украина била вмешана во терористичкиот напад во предградијата на Москва. За време на своето редовно обраќање, Зеленски рече дека „Путин сите освен себе ги смета за терористи“. „Денеска Путин повторно зборуваше сам со себе, а тоа …

Повеќе »

Суд во Лондон денеска ќе донесе одлука за екстрадиција на Асанж

– Високиот суд во Лондон денеска ќе донесе одлука дали основачот на Викиликс Џулијан Асанж може да поднесе жалба на неговата екстрадиција во САД. САД бараат екстрадиција на Асанж поради објавување тајни воени досиеја во 2010 и 2011 година, а Врховниот суд на Велика Британија одлучи дека Асанж треба да …

Повеќе »

Кац: Израел ќе ја продолжи воената операција во Појасот Газа додека не го уништи Хамас

Израел нема да ја прекине својата воена операција во Појасот Газа и ќе продолжи да се бори додека не го уништи Хамас и не ги врати сите заложници кои ги држи таа палестинска милитантна група, изјави израелскиот министер за надворешни работи, Израел Кац, откако Советот за безбедност на Обединетите нации …

Повеќе »