Светскиот ден на филозофијата се одбележува со симпозиум „Адам Смит: 300 години од раѓањето“


– Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје и Филозофското друштво на Македонија денеска по 20-ти пат го одбележаа Светскиот ден на филозофијата,  востановен  од УНЕСКО, кој низ светот се слави во третиот четврток од ноември за да се вреднуваат придобивките на филозофијата.


 Настанот го отвори деканот на Филозофскиот факултет на УКИМ, проф.


д-р Ратко Дуев, кој истакна дека едно од најважните прашања на филозофијата е што, всушност, претставува вистинската мудрост и дека филозофијата е посветена на начинот како да стигнеме до неа.

 На ова прашање не е можно да се одговори и со него, рече Дуев, се бореле големите умови во историјата на човештвото, и филозофите професори и нивните студенти избрале да се борат со ова прашање.


Како што истакна – тоа се луѓе кои веруваат дека мудроста не е нешто што некој го добил однадвор, туку нешто  до што се доаѓа преку процесот на внимателно разгледување на сите тешки прашања.

 -Во време на технократија и бирократија, филозофијата често се оцрнува како нешто горе во облаците, без практична примена во светот околу нас.


Сепак, ние веруваме дека филозофијата е нешто што ни помага да се разбереме и себеси, и светот во кој живееме.

За жал, таа е единствената свеќа што ја имаме да ја запалиме во темнината во која живееме, рече деканот Дуев.  Проф.


Ана Димишковска, раководителка на Институтот за филозофија, се осврна на важноста од одбележувањето на Светскиот ден на филозофијата чија цел е да се поттикне трајната вредност на филозофската мисла и нејзиното значење за секоја култура и секоја индивидуи, вредности што ги промовира и УНЕСКО.

 -Таа нѐ оспособува за вистински интеркултурен дијалог и, будејќи го умот за образложено соочување на различните аргументи и стојалишта, таа нам ни помага да изградиме потолерантно општество и повеќе проткаено со почит, рече Димишковска, која во оваа пригода се осврна и на сите активности и проекти на Институтот.

 Светскиот ден на филозофијата Институтот првпат го чествуваше во 2004 година.

Годинава, на 20-тото одбележување, организиран е симпозиумот насловен „Адам Смит: 300 години од раѓањето“ на кој учествуваат осум истакнати филозофи, професори и истражувачи.

На отворањето на настанот беше врачена и нововостановената награда „Константин Философ“ за животно дело, која ја доби академик Ферид Мухиќ.

Настапија и студенти на отсекот гитара од Факултетот за музичка уметност во класата на проф. м-р Дарко Багески. хс/са/Фото: МИА      .

Извор: МИА