Breaking News

Сулејмани: Со законските измени што треба да се усвојат регистрација на 550 лица без документи


Во постапка сме на регистрација на нерегистрираните лица со стариот закон.


Околу 100 се регистрирани, а по нашата евиденција тие се околу 550, изјави денеска генералниот директор на Управата за водење на матичните книги (УВМК) Емир Сулејмани.


 Тој информира дека изработиле драфт верзија на закон, кој, како што рече, веќе помина во Собрание како Предлог-закон и се чека на усвојување во врска со измените за дополнување за матична евиденција.

-Со изгласување на законот, сите лица кои ги имаме на нашиот список, околу 550 ќе бидат регистрирани.


Со издавањето на изводот од матична книга на родени, ние тука завршуваме, рече Сулејмани одговарајќи на новинарско прашање во Гинеколошко-акушерската болница – Чаир, по промоцијата на новата онлајн услуга: електронска регистрација на новороденче.

 Министерот за здравство Фатмир Меџити, пак, изјави дека откако стапиле на функцијата министри заедно со министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу работат на оваа тема.


Ја истакна потребата од електронски изводи и соопшти дека ќе им помогнат на сите лица во најкарток рок за да добијат документи.

  Додаде дека рокот зависи и од работата на неколку министерства, матични служби, администрација. . . мд/лв/Фото: МИА   .


Извор: МИА