Судскиот совет определи в.д. претседатели на основните судови Велес, Кавадарци и Струга


Судскиот совет на денешната седница ги определи Билјана Јачева за вршител на должноста претседател на Основниот суд Велес, Елизабета Петковска за в. д.


претседател на Основниот суд Кавадарци и Изет Бајрамовски за в. д претседател на Основниот суд Струга. Претседателот на Советот, Сашко Георгиев на почетокот на 470.


седница, посочи дека определувањето на в. д.

е потребно поради пензионирање на претседателот на ОС Велес, како и тоа што на претседателите на ОС Кавадарци и ОС Струга им истекува мандатот на 30 декември годинава.


Судскиот совет претходно, утврди престанок на судиската функција на судијката Љубица Цветковска Стојановска од ОС Крива Паланка, судијката Снежана Ивановска од Основниот граѓански суд Скопје, судијката Васка Петрова од Апелациониот суд Штип и судијката Лидија Димова од ОС Велес, поради исполнети услови за старосна пензија.

аа/бак/Фото: МИА .


Извор: МИА