Breaking News

Судот во Тирана објасни дека Љуљзим Баша е „сопственик“ на печатот и логото на ДП


По вчерашната одлука на албанскиот Врховен суд, прашањето за „сопственост“ на печатот и логото на опозициската Демократска партија, да го врати на повторно разгледување во Основниот суд во Тирана, истиот денеска за јавноста даде објаснувања.


– Потврдуваме дека во регистарот на политички партии стои дека по наредба на миниството за правда на 19. 12.


1990 година е дадена согласност за формирање на Демократската партија или Демократска партија на Албанија. Претседател на партијата е Љуљзим Баша.

Ја објавуваме оваа потврда по барањата на заинтересирани субјекти, стои во потврдата на судот.


Тоа значи дека Основниот суд-Тирана го признава Љуљзим Баша за претседател на Демократската партија, јасно ставајќи до знаење дека Баша продолжува да го користи печатот и логото на ДП.

Врховниот суд прашањето за печатот и логото на ДП, го врати на повторно разгледување, откако утврди дека се констатирани прекршоци во одлуката од 3 март.


Опозицијата предводена од Сали Бериша вчера одржа протест пред Врховниот суд, кој најави дека „започнува ново поглавје а протестите ќе се прошират на секоја педа на земјата“.

Со почетокот на недоразбирањата во редовите на демократите, приврзаниците на Бериша насилно го зазедоа седиштето на партијата, кое и понатаму го користат. вт/рп/ .


Извор: МИА