Breaking News

Субвенции од 33.000 динари за родители чии деца одат во приватни градинки во Белград


Градските власти во спрскиот главен град најавија субвенции од 33 илјади динари за децата кои одат во приватни градинки.


– Отсега родителите нема да добиваат пари, туку ќе потпишуваат договори со градинката, а ние директно ќе плаќаме во градинките, рече градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ.


Тој додаде дека евиденцијата ќе ја водат градинките кои секој месец ќе доставуваат извештаи до градот.

-Приватните градинки ќе имаат загарантирани средства, 33 илјади динари врз основа на запишано дете. Без разлика дали детето дошло во градинка или не, тие ќе треба да обезбедат капацитет, рече Шапиќ.


мс/фото: МИА архива .

Извор: МИА