Студенти на Медицински факултет ќе доделат оксиметри и аспиратори за Детската клиника


Студенти на Медицинскиот факултет денеска ќе доделат оксиметри и аспиратори за Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за детски болести во Скопје.


– Изминатиот период, студентите од Медицинскиот факултет при Македонската медицинска студентска асоцијација, по четиринаесетти пат го организираа хуманитарниот проектот „СОС – Дедо Мраз“ во Скопје.


Благодарение на хуманоста на граѓаните, собрани беа артикли од маркетите „Веро“, се направија новогодишни пакетчиња и се подарија на децата на коишто им беа најпотребни, домовите без родители во Скопје, болните дечиња и едукативните центри со деца од ранлива категорија.

Дел од средствата што ни останаа, ги пренаменивме за пулс оксиметри и аспиратори за Детската клиника, се појаснува во нивното соопштение.


Пулс оксиметри и аспиратори, како што е најавено, ќе се доделуваат во присуство на директорката на Детската клиника, Валентина Цвејоска – Чолаковска, професор доктор Соња Бојаџиева, професор доктор Констандина Кузевска – Манева и друг персонал од клиниката.

Во соопштението се изразува надеж оти овој настан, уште долги години ќе функционира како и досега. бд/мд/Фото: МИА архива .


Извор: МИА