Breaking News

Стотици германски државни службеници повикуваат на итен прекин на испораката на оружје за Израел


Стотици германски државни службеници испратија отворено писмо до канцеларот Олаф Шолц во кое го повикуваат него и другите министри веднаш да ја прекинат испораката на оружје за израелската Влада.


„Германија мора одлучно и недвосмислено да повика на итен прекин на огнот во Појасот Газа.


Германија мора веднаш да ја прекине испораката на оружје на израелската Влада“, се наведува во писмото објавено на веб-страницата „Фрајхајтслибе“.

Се додава дека „Израел врши злосторства во Газа кои се во јасна спротивност со меѓународното право, а со тоа и со (германскиот) Устав, кој ние сме должни да го почитуваме како федерални државни службеници и јавни службеници“.


Државните службеници ја критикуваа цврстата поддршка на Берлин за контроверзната политика на Израел на палестинските територии. рп/Фото: МИА архива .

Извор: МИА