Стартува дигитална кампањата „Топли препораки“ за топол дом во зимскиот период, почист воздух и подобро здравје


Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Шведската амбасада и Шведската агенција за заштита на природата, денеска започнуваат дигитална кампања за подобрување на квалитетот на амбенталниот воздух насловена „Топли препораки“.


-Истражувањата покажуваат дека согорувањето на биомасата (дрвата) за затоплување на домаќинствата учествуваат со 45 отсто во националните емисии на ПМ 10 и 68 отсто во ПМ 2,5 честичките во амбиенталниот воздух, а очекувано е голем број на домаќинства и оваа зима да се затоплуваат користејќи дрва како огревен материјал, информираат од МЖСПП.


Од таа причина, како што посочуваат од Министерството, првиот дел од дигиталната кампања го посветуваат на споделување на добри практики при користење на дрвото за затоплување на домовите и укажување на важноста тоа да се прави на правилен начин, внимаваќи на правилен избор на огревниот материјал, правилно чистење и одржување на грејните тела и оџаците и на правилно ракување со огревниот материјал при горењето.

-Заследете ги нашите „Топли препораки“ на фејбук страницата  и на инстаграм профилот, и споделете ги со семејството и пријателите, порачуваа од МЖСПП. дма/мч/Фото: МЖСПП  .


Извор: МИА