Breaking News

Средношколец од штипската Гимназија лишен од слобода по објавени закани на „ Инстаграм“


Средношколец од гимназијата „Славчо Стојменски“ во Штип вчера на социјалната мрежа „Инстаграм“ објавил текст со заканувачка содржина.


Случајот го потврди СВР Штип од каде информираа дека тој е приведен. – Полициски службеници од СВР- Штип го лишиле од слобода 18-годишен  Б. Д.


од Штип, бидејќи во 12:18 часот во СВР Штип, од гимназијата во Штип, каде тој е ученик, било пријавено дека на неговиот профил на Инстаграм објавил текст со заканувачка содржина.

Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, се вели во соопштението од СВР-Штип.


Директорот на училиштето Марјан Арсов денеска во изјава за медиумите рече дека службите во училиштето направиле разговор со ученикот и со неговите родители.

 -Во текот на вчерашниот ден добивме дојава дека на социјалните медиуми од еден ученик има закана.


Тоа кај нас го вклучи алармот и како директор и училиште ги презедовме сите мерки што ни се на располагање.

Беше повикана целата служба и родителите на ученикот и се разговараше на таа тема, изјави Арсов. Според Арсов, настава има во двете смени.


– Апелираме до родителите совесно да ги пуштат децата на училиште и дека се ќе биде во најдобар ред, рече Арсов. Ова е прва ваква објава на социјалните мрежи од страна на ученик во Штип.

вдј/бак/Фото: МИА архива .

Извор: МИА