Средба на Пендаровски со претставници на ЗНМ и меѓународни новинарски и медиумски организации


Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска прими претставници на Здружението на новинари на Македонија и претставници на неколку меѓународни новинарски и медиумски организации.


На средбата, како што соопштија од кабинетот на Пендаровски, се разговарало за прашања поврзани со слободата на изразување и независноста на медиумите во нашата земја.


– Претставниците на новинарските и медиумски организации го информираа претседателот Пендаровски за нивната работа на полето на безбедноста на новинарите.

Посочија дека очекуваат, преку средбите коишто деновиве ги одржаа со новинарските здруженија и со надлежните тела и институции подобро да ја осознаат состојбата со медиумите во земјава и дека ќе зајакне нивната меѓусебна соработка, се наведува во соопштението.


Претседателот Пендаровски ја нагласил улогата на медиумите во градењето на слободно и демократско општество и изразил задоволство за интересот за посета на нашата земја од меѓународните новинарски и медиумски организации кои можат да им помогнат на претставниците на медиумите во нашата земја во остварувањето на нивните права.

цр/сп/Фото: Претседател на Република Северна Македонија  .


Извор: МИА