Breaking News

Советот на Европа ќе ја потврди поддршката за Украина


– На Исланд денеска почнува дводневен Самит на Советот на Европа, на кој ќе се изрази поддршка за Украина и ќе се испрати силна порака во одбрана на основните демократски вредности, кои се под закана во Европа и пошироко.


Тоа е четврти Самит на Советот на Европа од неговото формирање пред 74 години.


Советот на Европа, со седиште во Стразбур и со 46 земји-членки, има свои главни цели за заштита на демократијата, човековите права и владеењето на правото.

На средбата во главниот град на Исланд ќе учествуваат и германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Риши Сунак.


Претседателот на Украина, Володимир Зеленски ќе има видеообраќање.  ми/ .

Извор: МИА