Соопштение од Граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“


Почитувани новинари, почитувани граѓанки и граѓани, Граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ спроведувајќи ја својата определба за широка партиципативност, и во согласност на предизборните ветувања, отвора можност повеќе членови да ги вложат своите ресурси во остварување на нашите определби и вредности.


Половина од мандатот го гледаме како добро време за ротација на советничките места за да ја оствариме таа заложба.


Отвораме простор наши други членови да ги вложат своите ресурси негувајќи ги во континуитет вредностите како заедништво, транспарентност и интегритет. .

Извор: МИА