Сообраќајот во зимски услови, по наместа влажни коловози


Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен.


На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.


АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. мч/дма/фото: МИА архива .


Извор: МИА