Breaking News

Сончево и многу студено


Времето денеска ќе биде сончево и многу студено, во западните делови со мала до умерена облачност.


Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми насекаде, а во текот на ноќта во северозападните делови ќе има врнежи од снег.


Ќе дува слаб ветер, претпладне од северен, а попладне претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -15 до -5, а максималната ќе достигне од -1 до 7 степени.

Во Скопје сончево и многу студено со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до -10, а максималната ќе достигне 3 степени.


Како што соопшти УХМР, во вторник и в среда претпладне се очекува нов влажен бран, на планините и на некои повисоки места со врнежи од снег, а на пониските места со врнежи од дожд.

Пообилни врнежи се очекуваат во западните делови, над 25 литри на метар квадратен, а на планините на северозапад снежната покривка значително ќе се зголеми. Во вторник ќе дува засилен јужен ветер.


Кон крајот на неделата дневната температура ќе се зголеми. мд/хс/Фото: МИА архива  .

Извор: МИА