Breaking News

Штипските извидници ќе го одбележат Денот на извидниците со низа активности


Во Штип ќе одржи централна прослава по повод Денот на извидниците, најави денеска Бојан Андонов, началник на Извидничкиот одред (ИО) „Еквинокс“.


По тој повод в сабота во Домот на млади ќе се организира крводарителска акција, изложба, како и продажба на рачно изработени предмети.


Средствата кои ќе се соберат од продажбата на предметите ќе бидат употребени за реконструкција на просторијата на штипските извидници.

-Организираме крводарителска акција, која ќе биде во просториите на Дом на млади и изложба „Извиднидите некогаш и денес“. Исто така ќе имаме продажба на производи изработени од нашите деца.


Со тоа ќе се помогне и да се реконструира канцеларијата. Има најава дека ќе присуствуваат околу 400 гости од цела Македонија, претежно тоа се деца и млади, вели Андонов.

 Денот на извидничкото движење се одбележува на 22 февруари, а мотото на извидниците е „Создаваме подобар свет“.


Андонов истакна дека заинтересираност кај младите од Штип има да се приклучат и да бидат дел од извидничкото движење, да сознаваат нови работи и да научат да ја сакаат природата, животните и луѓето.

Во извидничкиот одред во Штип се вклучени членови од 7 до 90-годишна возраст. вдј/мд/Фото: МИА     .


Извор: МИА