Breaking News

Штајнмаер во посета на Монголија


– Претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнмаер денеска пристигна во дводневна посета на Монголија.


Повод за посетата е 50-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Германија и Монголија. Предвидено е Германија и Монголија да склучат стратешко партнерство.


Штајнмаер со посетата сака да испрати и геополитички сигнал. Монголија е демократска земја лоцирана помеѓу две авторитарни соседни земји – Русија и Кина.

Улан Батор сака да ги прошири своите политички и економски партнерства, а Германија сака да ја намали својата зависност од Русија.


Германија и Монголија веќе работат заедно на археолошки ископувања во Каракорум, главниот град на Монголската империја, на суровини и на меѓународно мировно зачувување.

Предвидено е Штајнмаер и да го посети Националниот музеј Џингис Кан, потоа номадско семејство и училиште за германски јазик.


Околу еден процент од Монголците зборуваат германски јазик поради фактот што многу монголски мигранти работеле во поранешна Источна Германија.  ми/фото: ДПА .

Извор: МИА