Шефот на СЗО: Ситуацијата во Газа излегува од контрола


Ситуацијата во Појасот Газа излегува од контрола, предупреди денеска шефот на СЗО, по експлозијата во болница во која загинаа стотици луѓе. -Ситуацијата во Газа излегува од контрола.


Повикуваме насилството од сите страни да престане, објави шефот на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус на „X“.


Тој додаде дека е потребен итен пристап за да започне испорака на материјали за спасување животи.

 -Потребен ни е итен пристап за да започнеме со испорака на материјали за спасување животи, изјави Гебрејесус. мс/фото: МИА архива .


Извор: МИА