Се реконструира детското игралиште кај зградата на СВР-Штип


Почна реконструкцијата на детското игралиште кај зградата на СВР-Штип.


Старите реквизити ќе бидат заменети со нови, најави на денешната прес-конференција градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов.


Посочи дека е во тек и тендерска постапка за целосно осветлување на кејот на реката Отиња, почнувајќи од зградата на ЈП „Исар“ до вливот на Отиња во Брегалница, кај старата населба Ново Село, со што централното градско подрачје ќе има нов амбиент.

-Овој дел со новите детски реквизити, како и парковите околу него ќе биде можеби еден од најубавите делови на градот за овие летни месеци, за да може родители и граѓаните да потрошат дел од своето слободни време, вели Јорданов.


Инвестицијата за обновата на детските реквизити и поставување на подлага кај зградите на СВР-Штип и Порта Пролет чини околу половина милион денари.

Штипскиот градоначалник Јорданов најави дека до крајот на годината ќе се обноват и ќе се изградат нови детски игралишта во населбите Баби, Балканска, Леваци и на улицата „Пиринска“.


вдј/мд/Фото: МИА  .

Извор: МИА