Breaking News

Санкционирани 176 возачи во Скопје, 46 за брзо возење


Секторот за внатрешни работи Скопје вчера на територија на град Скопје изрече вкупно 176 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 46 санкција, 10 мерки за возење без возачка дозвола и осум санкции за непочитување на првенство на минување.


 Како што соопшти МВР, изречени се шест мерки за возење под дејство на алкохол, шест санкции минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за нерегистрирани возила. . .


Од МВР информираат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. дма/Фото: МИА архива .

Извор: МИА