Breaking News

Самит на Г7 посветен на поддршка на Украина, нови санкции кон Русија и притисок врз Кина


– Лидерите на седумте економски најразвиени земји во светот на крајот на неделата ќе се сретнат на овогодишниот Самит на Групата седум (Г7) во Хирошима, каде најважни теми ќе бидат руската инвазија на Украина и зајакнувањето на економски притисок врз Кина.


Пред состанокот на шефовите на држави од 19 до 21 мај, финансиските претставници на Г7 ветија ограничување на инфлацијата, зајакнување на синџирите на снабдување и најавија воведување дополнителни санкции против Русија поради нејзината агресија врз Украина.


Најважната тема на овогодишниот самит на Г7 ќе биде руската инвазија врз Украина, на што симболично упатува и местото на одржување на Самитот – Хирошима, која беше десеткувана од американското нуклеарно оружје за време на Втората светска војна, објави магазинот Тајм.

Јапонскиот премиер Фумио Кишида, кој претседава со Г7 оваа година, во февруари вети дека ќе води „обединет фронт во решавањето на прашањето за Украина“.  ми/фото: МИА архива .


Извор: МИА